9.8 C
Skopje
петок, 27 февруари 2026

Се бројат победите, Македонија подобра од Луксембург

И покрај осцилациите во играта, македонската кошаркарска репрезентација го победи Луксембург со 79-70, во дуел на досега непоразените селекции во групата од претквалификациите за СП 2029.

Македонија не одигра најдобро што знае, но и ова беше доволно за петти триумф во петте меѓусебни дуели со Луксембург.

После добиеното прво полувреме со 12 поени разлика, македонскиот тим добро го отвори третиот период и отиде на плус 20 (54-34) со што практично го реши победникот. Но, тогаш дојде до голем пад, особено во нападот, па во последната четвртина се влезе со само 10 поени предност.

Гостите не добија шанса да направат пресврт, но ја остварија целта да загубат со пристојна разлика.

Андреј Јакимовски и Итан Хап беа предводници на македонскиот тим. Јакимовски имаше 17 поени, 7 скока и 4 асистенции, додека Хап придонесе со дабл-дабл од 15 поени и 14 скока. Покрај нив двајца, двоцифрен број на поени имаше само уште Виктор Ефремовски со 13.

Следниот меч за избраниците на Жосеп Марија Берокал е гостувањето кај Азербејџан в понеделник, а пласманот во следната фаза ќе треба да го потврдиме на двата меч кои се играат во јули.

- Оглас -

Најнови вести