Се буди спортот во Велика Британија, на 1 јуни почнува снукерот

Се ближи крајот на паузата на сезоната во снукер. Најавите се дека на 1 јуни во Милтон Кејнс ќе започне турнир во овој спорт и тоа ќе биде еден од првите спортски настани во Велика Британија за време на пандемијата.

Секако, нема да биде како порано и Лигата на шампионите во снукер ќе се игра без публика, а сите играчи, судиите и останатите што ќе бидат присутни ќе бидат тестирани за присуство на корона-вирусот пред да влеззат во просториите и ќе бидат изолирани. Снукерот е индивидуален спорт, додека се игра, публиката најчесто молчи, па не би требало новите правила да бидат толку проблематични за играчите.

Во таа Лига на шампиони, потврда за учество даде и првиот на светската ранг-листа, Џад Трамп.

 

- Оглас -

Најнови вести