Се бунеше зошто влегува во игра во 90+5 минута, а потоа стана еден од хероите на Англија

Уште долго ќе се раскажува пресвртот што Англија го направи против Словачка кога Гордиот албион со гол во 90+5 минута се спаси од пораз и израмни на 1:1, а потоа во продолжението даде и втор гол за победа од 2:1.

Англија беше на работ од бездната, а при негатива од 0:1, селекторот Герет Саутгејт во игра го внесе Иван Тонеј, и тоа во 95-тата минута. Многумина сметаа дека таа измена е задоцнета, па дури и самиот Тонеј бил револтиран што од него било побарано да влезе во игра во 90+5 минута при негативна од 0:1 на неговиот тим.

Непосредно по влегувањето на Тонеј, Џуд Белингам погоди за 1:1 и се избори за продолженија. Токму во продолжението, Тонеј беше асистент за погодокот на Хари Кејн, со кого Англија стигна до победа од 2:1.

„Иван Тонеј беше револтиран кога му реков да влезе во игра при крајот од мечот. Сепак, мислам дека сега се смиривме. Имаше големо влијание за постигнување на вториот гол. Да се направи измена во тој момент, тоа е последно фрлање на коцките. Секако можеше да се случи и воопшто да нема допир со топката, а мечот да заврши. Не сакам да ги доведувам играчите во таква ситуација, но имав чувство дека може да се случи мал хаос, што на крајот и се случи“, открива селекторот на Англија, Саутгејт.

За Тонеј тоа беа првите минути поминати на ЕП откако во групната фаза овој напаѓач не доби доверба кај селекторот Саутгејт. Во четвртфиналето Англија ќе игра против Швајцарија, која ја елиминира Италија во претходната фаза.

- Оглас -

Најнови вести