Барселона бара начин како да го врати Нејмар од Пари Сен Жермен. Бразилецот јасно кажа дека сака да си оди од Париз и да се врати повторно кај каталонскиот гигант. Пред две години, Барселона заработи 222 милиони евра за трансферот на Нејмар, а сега од ПСЖ велат дека нема да го продадат за сума помала од таа.
Шпанскиот првак прави најразлични комбинации кои би биле привлечни за ПСЖ да се согласи за продажба. Една од последните варијанти е Барселона да продаде двајца играчи во францускиот шампион и плус да плати 100 милиони евра. Сега на потег се Французите.
Доколку се случи Нејмар да се врати во Барселона, тоа ќе биде формирање на најсилниот напад во историјата на фудбалот. Каталонците во офанзивниот дел веќе ги имаат Лионел Меси, Луис Суарес и новото засилување Антоан Гризман. Доаѓањето на Нејмар би значело комплетирање на дрим-тимот.