Смртта на Кралицата Елизабета втора ги одлижи натпреварите од Англија, Шкотска и Северна Ирска овој викенд, а нè е познато дали ќе се игра и следниот викенд фудбал на Островото.
Се чека на одлуката за тоа кога ќе биде погребот на Кралицата, а доколку тоа се случи токму или идната сабота, односно недела, тогаш со сигурност нема да има.
Во текот на неделата има и натпревари од пониските англиски лиги, и тие исто така се под знак прашање.
Единствено со сигурност е дека англиските екипи редовно ќе си ги одиграт своите натпревари од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, без никакво одложување.