Се чека официјализација: Лукас ќе биде четврти најплатен играч во Баерн

Иако во изминатиов период во неколку наврати се говореше за овој трансфер, сега е и дефинитивно – Баерн Минхен ќе го купи Лукас Ернандес од Атлетико Мадрид за сума од 85 милиони евра. Тоа ќе биде нов клупски рекорд на „баварците“, а францускиот репрезентативец ќе биде четврти најплатен играч во тимот.

Лукас се согласи на шестгодишен договор, според кој ќе заработува 13 милиони евра по сезона. Поголеми примања од него имаат само Роберт Левандовски (17 милиони евра годишно), Томас Милер и Жером Боатенг (по 16 милиони евра).

Кога првпат се појавија шпекулациите околу оваа можна преселба, се споменуваше сума од 80 милиони евра како отштета за преселбата на Лукас, но Баерн додаде дополнителни пет милиони евра на клаузулата за да се осигурат дека Французинот од први јули ќе биде нивен играч.

Дваесет и тригодишниот лев бек, кој по потреба игра и на централната дефанзивна позиција, е член на „јорганџиите“ од 2007 година, а седум години подоцна дебитираше за првиот тим. Изминативе две сезони се наметна во почетниот состав, добрите настапи му гарантираа место во репрезентацијата на Франција, а Лукас беше незаменлив на левата страна во шампионскиот поход на „триколорите“ на Мундијалот во Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести