Се чека официјална потврда од Реал: Лука Модриќ уште една сезона останува на „Сантијаго Бернабе“

Фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо со доцна објава откри дека Лука Модриќ останува уште една сезона во Реал Мадрид. Според неговите информации, договорот веќе е потпишан од раководството, а се чека само на официјална објава дека Хрватот и 13-та сезона ќе игра на „Сантијаго Бернабеу“.

„Модриќ потпиша нов договор, кој има важност до јуни 2025. Реал Мадрид штотуку потпиша сè од своја страна. Решено, печатирано, завршено. Модриќ останува уште една сезона“, вели Фабрицио Романо во својата објава на социјалните мрежи.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1798464274324419061?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1798464274324419061%7Ctwgr%5Ede306c7febc9d38cb8e9f369b392b9bb84f28377%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fluka-modric-real-madrid-dinamo-potpis%2F475854

- Оглас -

Најнови вести