Се чека противникот на Ривер, а има и НБА мечеви за типување

Фламенго – Гремио (02:30ч – Копа Либертадорес, полуфинале реванш)

По нерешните 1-1 во Порто Алегре, јужноамериканскиот првак од 2017 година гостува на легендарната „Маракан“ во Рио. За разлика од пред две години, Гремио сега е во потешка позиција во битката за пласман во големото финале каде што чека актуелниот бранител Ривер плејт. Ноќеска императив ќе им биде да се постигне барем еден гол, бидејќи 0-0 никако не им одговара.

Фламенго речиси три децении чека континентална титула, последната ја освои во 1981 година, а впрочем тоа им беше последно појавување во финалето. Ќе имаат огромна поддршка, тоа е несомнено, а воедно Фламенго е и фаворит на хартија. Тимот од Градот на Карнелавот доби три од последните пет меѓусебни средби против Гремио, сите победи се на домашен терен, што е уште еден сегмент кој оди во нивна полза.

Овие две екипи сезонава веќе се сретнаа во елиминациски двомеч, во четврфиналето од бразилскиот куп славеше Фламенго со конечни 2-1 (1-0, 1-1), а сега целта е повторно да го сторат тоа.

Предлог тип: 1X & 2-4 (1.81)

 

Филаделфија севентисиксерс – Бостон селтикс (01:30ч – НБА лига)

Возбудувањата во НБА лигата стартуваа со две победи на домаќините, Торонто против Њу Орлеанс и Клиперс против Лејкерс, а ноќеска и на Истокот има едно интересно дерби. Сиксерс ја пречекуваат најтрофејната франшиза во лигата, екипата на Бостон која титула чека од 2008 година. Келтите останаа без Кајри Ирвинг, но најдоа исто така квалитетен плејмејкер во Кемба Вокер. Токму од него се очекува блескав настап вечерва, ја биде лидер на младата екипа како што беше во Шарлот.

Сепак, на другата страна ќе му пркосат опаснит Симонс и курпулентниот Ембид, ѕвездите на Филаделфија посакуваат да ја израдуваат домашната публика на стартот од сезоната. Ефикасноста нема да изостанува, во првиот сезонски меч најважно е кој ќе даде повеќе поени, тоа е рецептот за победа. Во минатосезонската меѓусебна серија во регуларниот дел Сиксерс и Селтикс поделија по два триумфи, а дури во три од нив се постигнале повеќе од 220 поени вкупно.

Предлог тип: >215,5 поени (2.10)

 

Портланд трејлблејзес – Денвер нагетс (04:30ч – НБА лига)

Почетокот на новата сезона нè чести со реприза од конференциското полуфинале на Западот меѓу Блејзерс и Нагетс. Портланд во мајсторката со 100:96 и стигна да со бори за влез во големото финале, но претрпеа метла од Голден стејт. Денвер сега сака да покаже дека не заслужија да ја загубат пресудната седма пресметка, мотивиран е и Никола Јокиќ да го надигра шутерското дуо Лилард – Мекколум.

Иако во плејофот се фокусираа на одбраната, во регуларниот дел овие две екипи редовно приредуваа спектакуларни мечеви. Лани Портланд и Денер го одиграа еден од поефикасните и доста неизвесни дуели. Така ќе биде и ноќеска, па затоа подобро да се типува дека дека ќе се надмине вкупната граница на поени.

Предлог тип: >218,5 поени (2.05)

 

Џими Батлер (Мајами хит – Мемфис гризлис, 01:30ч – НБА лига)

Новата ѕвезда на Мајами ќе сака во најдобро светло да се претстави на публиката во Флорида, а Мемфис е противник против кого може да го стори тоа без проблем. Батлер како слободен агент ова лето се пресели во редовите на трикратниот шампион. Минатата сезона одржуваше просек од 21,3 поени во 10 меча во дресот на Минесота, а по трејдот во Филаделфија на Батлер му падна просекот на 18,2 поени.

Сега е прв лидер на Мајами, тој ќе биде најопасниот играч по кошот на Гризлис, затоа се очекува вечерва да одигра на високо ниво.

Предлог тип: >20,5 поени (1.95)

 

Кајри Ирвинг (Бруклин нетс – Минесота тимбервулвс, 01:30ч – НБА лига)

Ирвинг, исто како Батлер ноќеска ќе го запише официјалното деби за новиот тим. Некогашниот плеј на Кливленд се пресели во Бруклин, каде што е нова ѕвезда на Нетс, франшизата која најавува револуција. Бруклин го ангажираа и Кевин Дурант, но тој дури следната сезона ќе може да игра, а во меѓувреме целиот товар ќе биде на Ирвинг.

Во „Барклас центарот“ целиот фокус ќе биде насочен кон експлозивниот бек и од него ќе се очекува блескава партија, а 24 поени се граница која без проблем треба да ја стигне Ирвинг.

Предлог тип: >23,5 поени (1.80)

- Оглас -

Најнови вести