Смртта на Кралицата Елизабета Втора донесе и 12-дневна жалост во Велика Британија, но сè уште е непознато дали ќе има фудбал на Островото во наредните денови.
Според последните информации, ФА во Англија, Шкотска, Велс и Ирска ќе имаат вонредни состаноциво текот на денот, каде што ќе и се оддаде почит на починатата кралица, а воедно ќе се донесе и одлука да нема фудбал претстојниот викенд.
Протоколите исто така најавуват такво нешто, а што ќе се случи со сигурност, ќе се знае во наредните часови. Проблем е тоа што екипите и онака имаат згуснат распоред поради Светското првенство во Катар кој што ќе се одржи кон крајот на годинава, а се игра на секои три дена.