Се чека Стерлинг, па Сити пак ќе оди на шопинг во Германија

Манчестер сити во најскоро време треба да го пушти Рахим Стерлинг во редовите на Челзи. За овој трансфер се верува дека Сините ќе платат околу 55 милиони фунти, што на Пеп Гвардиола му овозможува пак да пазари во Бундеслигата.

Граѓаните претходно ја наполнија касата на Дортмунд со трансферот на Ерлинг Халанд вреден 60 милиони евра, сега на ред е да го ослабат и шампионот Баерн Минхен.

Имено, Сити планира да го замени Стерлинг со Серж Гнабри, „детето“ на Арсенал кое изминативе години беше еден од главните адути на Баварците. Тој не сака да го продолжи договорот кој му истекува идното лето, па Баерн нема друг избор освен да го продаде.

Се верува дека сума од 50 милиони евра ќе биде доволна за Баварците да дадат зелено светло и Гнабри да се пресели на „Етихад“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести