3010 Парма – Калјари (20:45 ч.)
Парма за ривал го има најслабиот тим во Серија А во досегашниот дел до првенството. Во првите пет кола Калјари освои само два бода, а постигна едвај еден погодок. Во последните седум дуели на овие два тима, дури четирипати било нерешено.
Предноста на домашен терен треба да биде адут за Парма да освои нови бодови. Калјари најчесто игра со малку погодоци, па би било одлично ако гостите останат барем непоразени на овој меч.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.94)
1363 Вилјареал – Лас Палмас (21 ч.)
Во минатото коло Вилјареал првпат загуби, и тоа дома од Барселона, но сега Жолтата подморница е подготвена повторно да освојува бодови. Лас Палмас, кој е последен на табелата и единствен тим без пораз сезонава, е ривал по мерка.
Вилјареал во просек дава, но и прима по два погодоци на натпревар сезонава, па затоа треба да се очекуваат погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.81)
1280 Шелбурн – Сент Патрик (20:15 ч.)
Шелбурн е лидер во првенството на Ирска, но ако сака да остане таму, едноставно мора да победува на домашен терен. Сепак, факт е дека Шелбурн не е во добра форма и во последните 11 меча во сите натпреварувања има само една победа. Од друга страна, Сент Партик влезе во добар ритам и нареди четири победи по ред.
Ако се видат меѓусебните дуели, Шелбурн има четири победи по ред, од кои три беа со резултат 2:1, што е најава дека може да има повеќе голови и на оваа средба.
Предлог тип: ГГ3+ (2.75)
1010 Борнмут – Саутхемптон (21 ч.)
Фактот дека игра на домашен терен, и тоа против ривал кој е само со еден освоен бод од пет меча, е знак дека Борнмут ќе атакува на освојување на трите бода. За овие пресметки има една интересна традиција. На последните шест дуели, гостите секогаш победувале (двете екипи имаат по три победи).
Сега може да се очекува оваа традиција да биде прекината, затоа што Борнмут е фаворит за победа.
Предлог тип: 1&2-4 (2.65)
2706 Интер Турку – Лахти (17 ч.)
Меч од плејаут-лигата во Финска. Интер Турку е комотен затоа што има 10 бода повеќе од Лахти, екипа која е во зоната за испаѓање. Доминација има Интер во мечевите со Лахти затоа што го победува на последните пет меѓусебни дуели, и тоа најчесто се дуели со три и повеќе погодоци.
Предлог тип: 1&3+ (2.23)