20.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Сè друго ќе биде неуспех: Македонија мора да оди на освојување на првото место во групата од Лигата на нациите!

Македонската фудбалска репрезентација ги доби ривалите за четвртото издание на Лигата на нациите. Повторно ќе бидеме во Сегментот Ц, а ждрепката сакаше да се најдеме во групата 4, во која ќе бидеме заедно со селекциите на Ерменија, Фарски Острови и Летонија.

Оваа група е како посакувана за Македонија затоа што ова се ривали од кои не смее да се плашиме. И традицијата покажува дека Македонија е фаворит во ова друштво затоа што со сите три противника имаме позитивен биланс.

Ерменија ни е како судбина во Лигата на нациите, па по третпат од четирите изданија ја имаме во нашата група. Со овој ривал сме играле вкупно 13 пати и имаме шест победи, три нерешени и четири порази во вкупна гол-разлика од 23 дадени и 18 примени гола.

Против Летонија имаме играно трипати и во сите три меча имаме победа, со вкупна гол-разлика од седум дадени и само два примени гола. Фарски Острови е ривал против кого имаме само еднаш играно, и тоа лани во Скопје, кога ги победивме минимално со 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести