Сè е договорено – Сари е новиот тренер на Јувентус

После една сезона во лондонски Челзи со кој ја освои Лига Европа, италијанскиот стручњак Маурицио Сари, се враќа во татковината и тоа во најтрофејниот клуб, Јувентус. Сари кој има 60 години, можеби уште денеска, а најдоцна до понеделник, и официјално ќе стане новиот тренер на „старата дама“.

Јуве на Челзи ќе му плати 8 милиони евра за „слободата“ на Сари. Во клубот од Торино, Сари ќе има годишна плата од 6,2 милиони евра (во Челзи заработуваше 5,6 милиони), а договорот ќе му биде на три години.

Останува да се види реакцијата на навивачите, играчите и управата на Наполи, бидејќи Сари пред да оди во Челзи, ги водеше наполитанците, па неговиот трансфер во Јуве го сметаа за предавство.

- Оглас -

Најнови вести