Тотенхем прокоцка можност за победа во лондонското дерби против Кристал Палас, а тактиката на Жозе Мурињо денеска испадна погрешна.
Спарс поведоа со голот на Хари Кејн во 23. минута, а израмни Џефри Шлуп за чудесна реприза на мечот од ланското првенство.
И тогаш се беше исто, резултатот беше 1:1, а и стрелците беа исти и тоа по истиот редослед, но во различни минути од мечот.
И тогаш Кејн му донесе предност на Тотенхем во првото полувреме, а Шлуп израмни во вториот дел.
Денеска речиси се беше исто, а Кејн повторно му донесе предност на гостинот, но Титенхем не издржа.
https://twitter.com/TheUtdOptimist/status/1338139804874272768?s=20
Почнаа да се бранат по водечкиот гол и ризикот не им се исплатеше, па Шлуп повторно ги казни со гол во 81. минута.
Тотенхем промаши и шанса да биде сигурен лидер по 12, коло, а сега со 25 бода ќе очекува кикс на актуелниот шампион Ливерпул на дуелот со Фулам што ќе почне од 17.30 часот.