Македонија води со 2:0 на полувреме во Вадуц против Лихтенштајн во првиот меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Тоа што пред мечот се најавуваше дека нашата селекција е апсолутен фаворит, се повтрди на теренот во првиот дел.
Само седум минути беа потребни за повеќе од 1.500 македонски навивачи да се израдуваат на погодок на стадионот „Реинпарк“. Бојан Миовски одлично продре, потоа прецизно нафрли, а Александар Трајковски погоди за водство на Македонија.
Погодокот на Трајковски може да го видите ТУКА.
По овој погодок на Трајковски,Лихтенштајн имаше одлична шанса да израмни. се играше 21 минута кога домаќините по еден контра напад, го загрозија голот на Столе Димитриевски. Пици одлично продре и со шут од далечина биеше во самиот агол, но Димитриевски одбрани одбивајќи ја топката која се „поигра“ пред гол-линијата, за на крајот голманот ја собере во своите раце.
Во 28 минута постигнавме втор гол, но овојпат беше поништен поради офсајд. Елмас ја затресе мрежата на домаќините, но сепак тоа било од недозволена позиција.
Македонија на полувреме сепак замина со водство од 2:0. По еден корнер, Висар Муслиу одлично се снајде и ја затресе мрежата на домаќините. Тоа беше во 42 минута.