Утревечер во „Јане Сандански“ во Скопје на терен ќе истрчаат еден куп ракометни легенди од Македонија и Европа, а ревијалниот меч е во организација на Спортското радио 90.3, кое слави 20 години од своето постоење.

Мечот почнува во 19 часот, а забавата ќе почне околу половина час порано, се најавува присуство и на музички ѕвезди, интеракција со публиката, итн.
Публиката ќе ужива во мајсториите на најголемите македонски ракометари кои веќе се пензионирани, а од другата страна ќе биде тим предводен од славниот тренер Лино Червар, во кој ќе играат многу трофејни поранешни репрезентативци на земјите од екс-Југославија, но и некогашни вардарци од други земји, како Шишкарев и Кањелас.

Ќе има три полувремиња со три различни судиски парови, резултатот ќе биде во втор план, најважна ќе биде забавата и посетувањето на битките и надмудрувањето помеѓу тренерите Веселин Вујовиќ и Лино Червар и по подолго време на терен ќе бидат Пепи Манасков, Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Борко Ристовски, Филип Миркуловски и многу други лица кои го прославија македонскит ракомет и ќе останат запишани во историјата.

