Новото коло на Спортска прогноза, стандардно, стартува денес во 14 часот. Во понудата има нови 13+2 парa преку кои прогнозерите ќе се обидат да го дофатат убавиот iPhone XS. Ова коло е во знакот на малерозниот број 13 – 13 натпревари, 13-то коло, играта е Среќна 13-ка.
Но, колку што може да биде малерозен овој број, можеби ќе се случи изненадување и токму сега ќе се обели образот на 13-ката и за некого ќе биде среќна.
Прогнозирањето ќе биде достапно до сабота во 16 часот, односно до почетокот на првиот дуел од понудата, Барнли – Кристал палас. Сепак, ова коло е возбудливо поради дербито во Шпанија помеѓу шампионот и вицешампионот. Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ ја пречекува големата Барселона, тој дуел е закажан за недела, во 21 часот.
Има дуели и од останатите најпознати лиги во Европа, но се наметна и швајцарското дерби меѓу Базел и Јанг бојс, па и тоа ќе биде доста тешко за да се погоди точно. Со мечот Мајнц – Ајнтрахт Франкфурт во понеделник навечер ќе се комплетира ова 13-то коло, по кое ќе се знае дали има среќен добитник на главната награда.
Играјте Спортска прогноза и читајте Спорт Манија и, секако, обложете се во Sport LIfe.