Интересна ситуација се случува во профасионалните лиги во Америка и двајца сопственици на НБА, НФЛ и МЛБ екипи се екипираат со една понуда за да го купат фудбалскиот шампион на Европа,Челзи.
Дан Гилберт, кој е еден од главните луѓе на „Рок ентртејмент груп“ со сопственост на НБА екипата Кливленд кавалирс, но и на уште неколку клубови од професионалните лиги во Америка, заедно со магнатот Кен Грифин, кој е газда на познатиот Чикаго кабс во бејзбол лигата истакнаа заедничка кандидатура за да го купат англискиот фудбалски клуб.
Челзи од пред дваесеттина дена е на продажба, откако Роман Абрамович под притисок на Британската Влада е принуден да се повлече.
Рускиот магнат е обележан како поддржувач на Владимир Путин и му е замрзнат имотот во Англија, а мора и да го продаде Челзи.
Најавата е дека цената би била околу 3 милијарди евра, а тоа не е проблем за богатите Гилберт и Грифин.
Конкретна понуда за Челзи засега нема, но имаше неколку кандидати меѓу кои сега се сопствениците на Кливленд кавалирс и на Чикаго кабс.