Фабио Паим, некогашниот голем фудбалски талент, на 36 години си го најде својот животен пат – почна да снима филмови за возрасни.
Кој е Паим?
Кристијано Роналдо во 2003 година, кога премина од Спортинг Лисабон во Манчестер јунајтед, на новинарите наводно им рекол: „Мислите дека сум добар? Чекајте да го видите Фабио Паим“.
Паим, кој најдалеку што стигна му беше Челзи во 2008 година, но не одигра ниеден официјален меч за Сините, смета дека ќе играл за Реал или Барселона,и ќе освоел Златни топки доколку во главата имал барем половина од паметот и посветеноста на Кристијано Роналдо.
Наместо голем фудбалер, талентот на Паим пропадна, погрешно сметал дека талентот е доволен, дека не треба да тренира, уште како дете заработувал многу, па мислите му биле на друго место, сакал само жени и забави.
Подоцна Паим заврши и во затвор поради препродавање дрога, и тоа во затвор, кој е сместен веднаш до тренинг-кампот на португалската репрезентација и од прозорец можел да го гледа Роналдо, а сега му се исполни желбата да стане актер во порно филмови.
Ова е интересна приказна во која дополнителен заплет имаше Роналдо во ноември минатата година. Кога излезе интервју на Паим, во кое тој се фалеше дека бил подобар од Кристијано Роналдо и Меси и дека Роналдо треба да му подари барем една Златна топка, суперѕвездата на „Инстаграм“ искоментира: „Што? Кој е овој тип?“.
Паим одговори дека Роналдо тоа го напишал на шега, а не дека не го познава.