Се фотографираа покрај мртвото тело на Марадона, сега молат за прошка

Клаудио Фернандес е еден од луѓето кои се фотографираа покрај мртвото тело на Диего Армандо Марадона. Тој е работник во погребно претрпијатие, а откако беа направени фотографиите, тие завршија во јавноста. Речиси и да немаше фан на Марадона кој не го осуди ваквото однесување на луѓето кои требало професионално да ја завршат својата работа, а Клаудио со себе го понел дури и син му да се фотографира.

Сите кои се фотографирани покрај ковчегот на Марадона добија отказ од работата, но пострашно е тоа што секојдневно добиваат смртни закани.

„Сѐ се случи за секунда. Само ја подигнав главата, а мојот син направи глупост и како секој 18-годишник го подигна палецот нагоре. Ве молам да ни простите, ве молам. Постојано добиваме закани, дури и од луѓе кои ги знаеме. Има и соседи кои велат дека ќе нѐ убијат, дека ќе ни ги искршат главите, дека ќе ни ги запалат автомобилите“, вели Фернандес.

Човекот кој сега моли за прошка вели дека добро го познавал семејството на легендарниот Аргентинец.

„Тој е мојот идол. Никогаш не би покажал непочитување кон него. Претходно имав работено и за таткото на Диего. Го молам неговото семејство да ни прости“, открива Фернандес.

- Оглас -

Најнови вести