МЗТ Скопје Аеродром на свој терен загуби од Игокеа со 78-84, па сега на Металците им остануваат само минимални теоретски шанси дека може да обезбедат опстанок во АБА лигата.
Клучна се покажа серијата на Игосите од 12-0, кога по водството на МЗТ од 63-59, гостите отидоа на 71-63. МЗТ проба да се врати, но точка стави Неранџиќ со две погодени слободни фрлања за 82-78.
МЗТ останува со само четири победи во 22 кола, Игокеа побегна и сега има седум победи. Претпоследниот Борац Чачак има само еден триумф повеќе од МЗТ, а во следното коло, МЗТ гостува токму кај Борац во можеби пресудниот меч.
Вечерва во „Јане Сандански“, кај МЗТ добри беа само Вер, Миќовиќ и браќата Стојановски, за победа требаше нешто повеќе.