Се гаси италијанскиот клуб за кој играа Пирло, Баџо, Гвардиола, Балотели…

Славниот италијански клуб Бреша прогласи банкрот, а потоа ќе следи и гаснење. Дури и да продолжи овој клуб да работи, веќе нема да може да работи под тоа име.

Бреша е клуб кој е формиран во 114 години, а причина за згаснувањето на клубот е тоа што газдата Масимо Селино одлучи да не го плати долгот од три милиони евра. Италијанскиот бизнисмен реши дека е подобро да се згасне клубот и да не се платат три милиони евра.

Селино осум години беше прв човек во Бреша, а претходно бил газда и во англискиот Лидс.

- Оглас -

Најнови вести