Расел Вестбрук се прецени во еден момент од дербито меѓу Лос Анџелес клиперс и Хјустон, се обиде да забие преку Монтрел Харел, но стигна само до предниот дел од обрачот и за чудо судиите досудија фаул од играчот на гостинската екипа од Ел-Еј.
Популарниот Рас доби подарок слободни фрлања, а за среќа на судиите, овој момент не влијаеше на конечниот исход на големото дерби во Западната конференција.
https://www.youtube.com/watch?v=FeFzRrqv5ro
Лос Анџелес клиперс славеа убедливо со 120:105 и останаа на второто место во Западната конференција, зад Лос Анџелес лејкерс и пред Денвер нагетс и Хјустон.
https://twitter.com/BleacherReport/status/1235767366660825090?s=20