Се губи довербата во фудбалските награди, ќе земеше ли Меси нова Златна топка ако не преминеше во ПСЖ?

Седмата Златна топка во кариерата за Лионел Меси, која Аргентинецот ја доби синоќа на церемонијата во Париз, предизвика многу негативни коментари и првпат му се оспорува победата од милиони фанови низ светот.

Иако Меси годинава даде многу голови во дресот на Барселона и првпат во кариерата освои Копа Америка со Аргентина, тешко е да се верува дека придонес во добивањето на наградата за фудбалер на годината немаше трансфрерот во ПСЖ.

Францускиот магазин „Франс фудбал“ како да сакаше да ги награди Светците што го донесоа Меси во француската лига. Сепак, за Златната топка не гласаа Французи, туку новинари од цела Европа.

Во Топ 5 има двајца Французи (Бензема и Канте) и еден играч на ПСЖ. Голман на годината е резервниот чувар на мрежата на ПСЖ.

Меси е само вториот играч по Жан Пјер Папен од 1991 година кој добил Златна топка, а во моментот игра за француски клуб. Тој е и втор највозрасен добитник на признанието, по Стенли Метјуз, кој имаше 41 година и 321 ден кога доби Златна топка.

Некогашниот голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас, изјави дека Меси е еден од петте најдобри фудбалери во историјата, но тешко му е да ги разбере критериумите по кои се доделуваат фудбалските награди и смета дека треба да се гледа само последната година, а не што некој направил низ цела кариера.

- Оглас -

Најнови вести