Се игра Дербито на Италија, меч што може да ја реши титулата во Германија и уште многу возбудувања

Јубилејното 20-то коло на Спортската прогноза започнува денеска, а во понудата има супер интересни натпревари. Главен предизвик за сите прогнозери е да се обидат да погодат Среќна 13-ка, односно да ги имаат точните 13 фиксови за сите средби кои се на „менито“.

Оној прогнозер кој ќе успее да биде перфектен ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). Со 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1000 денари во Sport Life, a 11-ка носи ваучер од 500 денари.

Во новото коло има неколку атрактивни дуели. Во Серија А ќе се игра Дербито на Италија на кое Јувентус ќе биде домаќин на Интер. Нераѕурите моментално се втори на табелата само со еден бод помалку од лидерот Наполи, додека Јувентус има двоцифрено заостанување во рангирањето. Сепак, кога играат овие два тима, секогаш е неизвесно и тешко да се предвиди конечниот исход.

Во германската Бундеслига ќе се игра дербито меѓу актуелниот првак и актуелниот лидер на табелата. Баер Леверкузен му е домаќин на Баерн Минхен и ова може да биде последна шанса за Фармацевтите да се доближат до неприкосновените Баварци. Баерн има осум бода повеќе од Баер, а интересно е дека во последните пет меѓусебни дуели Фармацевтите имаат три победи, а двапати било нерешено, додека гигантот од Минхен не се радувал.

Возбудливи пресметки ќе има и во Англија, Шпанија и Франција и едноставно треба да се одигра ова коло на Спортска прогноза.

 

- Оглас -

Најнови вести