1701 Монпелје – Ленс (20:45 ч.)
Ленс има освоено двојно повеќе поени од Монпелје, но факт е дека Монпелје има убава мини-серија од две победи, по што избега од дното на табелата иако уште е во зоната за испаѓање.
Монпелје ја има убедливо најслабата одбрана дури со 44 примени погодоци на 19 средби. Ленс сезонава на гости има само еден пораз во девет меча.
Предлог тип: Х2&2-4 (1.86)
3001 Парма – Лече (20:45 ч.)
Двете екипи имаат освоено по 20 бода и ќе водат грчевита борба за опстанок во Серија А. Само Верона има послаба одбрана од Парма и Лече, но Лече го има и убедливо најлошиот напад само со 15 дадени погодоци.
Традицијата вели дека може да се очекува дуел со многу погодоци затоа што на шест од последните девет пресметки на овие ривали имало барем четири погодоци.
Предлог тип: 1-3 I & 3+ (2.20)
1301 Леганес – Рајо Валјекано (21 ч.)
Иако е во долниот дел од табелата, Леганес е во добра серија и на последните пет меча (три во првенство и два во купот) има три победи и две нерешени. Сепак, против себе го имаат Рајо, кој последниот пораз во првенството го имаше на 1 декември.
Ова е дуел на два тима кои доаѓаат од главниот град Мадрид, но ни од далеку не се успешни како Реал и Атлетико.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.93)
1011 Блекбурн – Престон (21 ч.)
Блекбурн влезе во криза и нареди шест порази, две ремија и само една победа во последните девет кола. За разлика од домаќините, Престон е со четири победи во последните седум кола. Престон нема ниту еден пораз од Блекбурн во последните пет меѓусебни дуели.
Во Чемпионшип најчесто се игра без многу калкулации и со погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.30)
1801 Вердер Бремен – Мајнц (20:30 ч.)
Вердер не знае за победа во последните четири кола, но Мајнц е ривал против кого може да се прекине оваа лоша низа. Вердер победи на последните три пресметки со Мајнц, а овие два тима најчесто играат возбудливо и со погодоци на двете страни.
Предлог тип: ГГ3+ (2.11)