Манчестер сити е на прагот да му ја расипе работата на големиот градски ривал Манчестер јунајтед во трката за ангажман на Хулијан Алварес, големата аргентинска надеж.
Популарните Граѓани му понудија на Ривер плејт 16 милиони евра за 21-годишниот напаѓач и плус бонуси, а аргентинскиот гигант бара отштета од 21 милиони евра и не сака да отстапи.
Раководтсвото на Манчестер сити верува дека ќе најде заеднички јазик со Ривер плејт, а Алварес кој е хит во Аргентина, долго време беше на радарот на Манчестер јунајтед.
Сепак се чини дека Црвените ѓаволи ќе го загубат градското дерби на трансфер пазарот, а желба на Алварес е да остане во Ривер до крајот на сезоната за да се подготви за настап на Мундијалот во Катар, а потоа да се пресели во Европа.
Во 96 настапи за Ривер плејт, 21-годишниот офанзивец постигна 36 гола и има 25 асистенции, а за него се интересираат уште неколку европски клубови.
Алварес минатата година дебитираше и за Аргентина и веќе има пет настапи за актуелниот првак на Јужна Америка.