Спортската телевизија „БеИн спортс“ му фати сеир на Кристијано Роналдо. Му изработија CV со сите детали од кариерата на Португалецот за да може да аплицира за работна позиција – фудбалер, нормално.
Сите потребни информации се на место. Години, индивидуални успеси, клубовите за коишто играл и во кој период, па сè до специјални вештини кои го прават поадектавен кандидат од останатите.
Сето ова е резултат на неуспехот на агентот Жорж Мендеш да му пронајде нов клуб на Роналдо во овој преоден рок. Веќе доби негативни одговори откако беше понуден на Баерн Минхен, ПСЖ, Челзи, како и ривалот на Реал Мадрид, Атлетико, кој се оправдува дека нема пари за ангажман на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.