Екипата на Севилја по четири натпревари без победа, успеа да слави против Гранада со 4:2 во првиот натпревар од 31-то коло во Ла Лига.
И покрај тоа што почетокот за домаќините не беше посакуван откако Гранада во 23-та минута поведе со голот на Дарвин Мачис, но девет минути подоцна, домашниот тим погоди за 1:1 преку Диего Карлос.
Во вториот дел, Севилја со голот на Лукас Окампос во 68-та минута направи комплетен пресврт, барем до 88-та минута кога Виктор Дијаз даде гол за 2:2.
Сепак, гол за ерупција на „Рамон Санчез Пискуан“ донесе Рафа Мир со својот погодок во 93-та минута, а конечните 4:2 беа дело на Папу Гомез
Сега оваа екипа е осамостоена на второто место со 60 бода по 31 одигра натпревар, но Барса има три помалку а исто така и две средби помалку од оваа екипа.
GOL DO SEVILLA! Rafa Mir coloca o Sevilla na frente no final do jogo: Sevilla 3×2 Granada. #LaLiga
—
Matheus Arruda Sports (@MatheusOArruda) April 8, 2022