Се играше Дерби на Италија за пари од ТВ-правата, Интер го победи Јувентус, шампионот Милан е трет (Фото)

Интер е екипата што заработи најмногу пари од ТВ-права за сезоната 2021/22 што заврши со шампионска титула за Милан, а меѓу нив се најде најтрофејната екипа на Чизмата, Јувентус.

Интер доби најмногу од колачот за ТВ-права, точно 84,2 милиони евра и го победи вечниот ривал Јувентус, со кого го играат и најпознатото дерби во Италија.

Старата Дама инкасираше 77,9 милиони евра, а шампионот Милан е на третото место со 77,8 милиони евра.

Наполи е веднаш зад триото гиганти и доби 68,5 милиони евра, а во Топ-5 има место и за Рома со заработка од 64,1 милиони евра од ТВ-правата.

- Оглас -

Најнови вести