Со голот на Одсон Едуард во 32. минута и на Џонатан Хејс во самиот финиш Селтик го победи Глазгов Ренџерс со 2:0 во 418-то Олд-Фирм дерби на Шкотска и едно од најстарите и долги ривалства на клубови од ист град.
Францускиот интернационалец погоди во првото полувреме за предност на гостите на „Иброкс парк“, а Ирецот Хејс во самиот финиш ја потврди 158-та победа за Селтик.
Ренџерс се обиде да освои барем еден бод, но се уште се чека јубилејното 100-то реми во меѓусебните дуели на екипи чие ривалство трае три века. Глазгов Ренџерс има точно 161 триумф во досегашните натпревари со големиот градски ривал и е во предност за три победи.