За капитенот на Дерби каунти, Ричард Кех, сезоната заврши откако настрада во сообраќајна несреќа. Ричард бил во автомобилот заедно со своите соиграчи Томи Лоренс и Мејсон Бенет. Сите тројца не го испочитувале клупското правило да бидат во своите домови до 20 часот.
Фудбалерите решиле да шетаат многу подолго од дозволеното, конзумирале алкохол повеќе од дозволеното, а потоа влегле во автомобиот на Лоренс. Пијаниот возач ја загубил контролата над возилото „ренџ ровер“ и се удрил во столб. Во сообраќајката најлошо поминал капитенот Ричард, кој заработил тешка повреда на коленото и сега ќе мора да мирува до крајот на сезоната.