Белградска Црвена ѕвезда има низа од шест нереализирани пенали едноподруго, што е веројатно неславен европски рекорд во моментов, но за нивна среќа, овие утки не влијаеја многу негативно, па тимот е убедливо прв во српскиот шампионат, каде ќе се закити со нова титула.
Откако на клупата седна тренерот Дејан Станковиќ, Звезда утна четири пенали, сметајќи ги и пријателските мечеви во зимскиот подготвителен период.
Ѕвезда преку пенали влезе во Лигата на шампионите, на таков драматичен начин го совладаа Копенхаген, а потоа Томане утна од 11 метри на гостувањето кај Олимпијакос и работите тргнаа на лошо, кога се во прашање ударите од белата точка.
По еден пенал утнаа Боачи во куп против Мачва на 20 ноември, Томане во ЛШ против Олимпијакос, повторно Боачи на контрола против Арка, но Вукановиќ натрча на одбиената и даде гол. Следуваше утнат пенал на страна на Милан Павков против Лудогорец во пријателски меч, па Бен не погоди против Чукарички, а вчера не се прослави и Радован Панков против Напредак во првенството.
Освен утката на Томане, другите не беа толку кобни, бидејќи Ѕвезда победуваше на тие натпревари и покрај промашените пенали. Кој и да биде следниот изведувач, нема да му биде лесно да го издржи притисокот.