Се исплати да се биде маскота во НБА, Роки месечно заработува колку што просечно чини стан во Скопје

Интересна информација доаѓа од НБА лигата, маскотата на Денвер нагетс, популарниот Роки е најдобро платена маскота во најсилната кошаркарска лига.

„Бличер Репорт“ откри дека Роки годишно заработува 625.000 долари, што е за десет пати повеќе од останатите маскоти во НБА лигата бидејќи просечната годишна плата изнесува околу 60.000 долари.

Роки месечно заработува околу 52.000 долари, колку што просечно чини двособен стан во Скопје.

Интересно е што немаат сите НБА екипи официјални маскоти. Четири тима кои се без маскоти се Лос Анџелес лејкерс, Бруклин нетс, Њујорк никс и Голден Стејт вориорс.

- Оглас -

Најнови вести