Дејан Љубичиќ го постигна најубавиот гол вечерва во првото полувреме од првата сеанса натпревари од третото коло во Лигата на Европа.
Младиот 23-годишен фудбалер на Рапид Виена погоди прецизно со вистински проектил од околу 30-тина метри и постигна еврогол против Дандалк, најубав на 12 дуели што се играат вечерва.
Љубичиќ, кој беше еден од најталентираните млади играчи во Австрија, во својата генерација беше на насловните страници на австриските, но и на балканските медиуми пред две години, кога беше фатен на дело како оштетува верски објект во Босна и Херцеговина.
Ја оштети фасадата на џамијата во Киселјак, но потоа се извини, ја надомести штетата и дополнително донираше пари за верскиот објект во БиХ.
Љубичиќ ѝ е познат и на македонската фудбалска јавност бидејќи непосредно по инцидентот што го направи во Киселјак, играше за младата селекција на Австрија во Скопје против нас, во победата на гостите од 4:0.