Се извини играчот што го раскрвари Един Џеко и објасни зошто го направил тоа

Усеини Ба, фудбалерот на Басакшехир, му се извини на Един Џеко откако го удри и му го раскрвари лицето на неделниот меч во Истанбул. Фенербахче победи со 3:1, а Џеко го постигна првиот гол.

Неколку минути по голот на Џеко се случи инцидент во кој репрезентативецот на Босна и Херцеговина влезе во конфликт со Сенегалецот Ба. Кулминацијата беше кога Ба го удри Џеко, а голгетерот на Фенербахче го облеа крв по лицето. Судијата веднаш покажа црвен картон за Ба, кој откако му се смирија страстите, реши да се извини.

„Сакам да изразам жалење поради потегот кој резултираше со црвен картон на гостувањето кај Фенербахче. За жал, поради темпото на игра и атмосферата на стадионот, постапив на неприфатлив начин. Поради тоа, би сакал да им се извинам на сите мои соиграчи што прерано го напуштив теренот, а посебно на противничкиот играч Един Џеко“, напиша Ба на социјалните мрежи каде што има свои профили.

- Оглас -

Најнови вести