22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Се јави Балотели по враќањето во списокот на репрезентацијата на Италија

Појавувањето на Марио Балотели на широкиот список од 35-мина играчи што го објави селекторот на италијанската репрезентација, Роберто Манчини, предизвика големо внимание во медиумите.

Балотели од 2018 година не бил во националниот тим, но со добрите игри во Адана Демирспор, ја доби довербата на Манчини и беше повикан на мини-подготовките, па може да се најде и меѓу фудбалерите кои на 26 март во Палермо ќе играат против Македонија во баражот за Светското првенство.

„Добро ми е во Турција, имам 31 година, нормално е да ме викне селекторот, не би било нормално ако не ме викне. Се надевам дека Италија ќе игра на Светското првенство, заслужува да биде таму. Не ми е јасно како се најдовме во баражот, но се случува и тоа“, изјави Балотели, кој дебито во професионалниот фудбал во 2007 година го имаше во Интер, кога тренер му беше Манчини, но подоцна, кога беа во Манчестер сити се скараа.

- Оглас -

Најнови вести