Се појавија вести дека е можно Иран да донесе одлука да не се појавува на Светското првенство во САД за три месеци, а сега се јави и претседателот на иранската федерација, Мехди Таџ, кој е најповикан да каже дали ќе бојкотираат.
Таџ откри дека конечната одлука сè уште не е донесена.
Иран сè уште официјално не се откажал од турнирот, но не е сеедно дали ќе можат мирно да играат фудбал во земја што ги бомбардира.
„По она што се случи со нападот на Соединетите Американски Држави, тешко е да се поверува дека можеме да се радуваме на учеството на Светското првенство. Но, раководителите на спортските организации мора да одлучат за тоа“, рече Таџ.
Во случај Иран да одлучи да не игра на СП, неговото место ќе го заземе Ирак или Обединетите Арапски Емирати. Ирак треба да игра бараж, додека ОАЕ е тимот со најдобар рејтинг во Азија од тие што не обезбедија место на Мундијалот преку квалификациите.

