Се јави ди-џејот кој фановите на Меси го обвинија дека го заразил Лео со ковид-19

Аргентинскиот ди-џеј Фер Паласио изминатите часови добивал закани откако многу фанови на Лионел Меси го обвиниле дека тој го заразил најдобриот фудбалер на светот. Паласио, кој се сликаше со Меси на забавата за Божиќ, реши да им одговори на сите.

„И примив и испратив многу пораки, има многу негативна енергија, ме обвинуваат дури и за убиство. Во трендинг сум на ‘Твитер’ бидејќи ме обвинија дека јас сум го заразил Меси. Вчера бев во Уругвај и пред патувањето се тестирав, негативен сум“, рече Паласио, кој на увид го стави и резултатот од негативниот тест.

Меси остана во Аргентина со семејството, во изолација се и не се знае кога ќе смее да отпатува за Франција. Се очекува Меси да ги пропушти дуелот од Купот со Ван и лигашкиот меч со Лион на 9 јануари, а би заиграл на 15 јануари.

- Оглас -

Најнови вести