Се јави Елмас: Прво титула со Наполи, па после може трансфер во друг голем клуб!

Елиф Елмас ја игра четвртата сезона во Наполи, а иако е млад, тој е еден од најискусните во составот на тренерот Лучијано Спалети.

Неговата сестраност го прави интересен за многу клубови, се појави информација дека Ливерпул е сериозно заинрересиран за македонскиот Дијамант, но тој нема намера да си оди уште во јануари.

„Освојување Скудето со Наполи ми е на прво место. Навистина се надевам дека може да ја освоиме титулата сезонава. Сакаме да победуваме и да се забавуваме, овој тим е обединет, сите истото го сакаме. Одиме меч по меч, а сакаме да стигнеме што подалеку и во Лигата на шампионите. Би сакал да ја освојам Лигата на шампионите. Играв на Европско првенство, следна цел ми е настап на Светско со мојата репрезентација. Ако имам шанса, по Наполи би заминал во друг голем клуб, но млад сум, уште е рано за тоа“, вели Елмас.

- Оглас -

Најнови вести