Се јави и Дарко Миличиќ: Не дај Боже браќата Морис да паднат во рацете на браќата Јокиќ

Во НБА-лигата се крена голема прашина откако Никола Јокиќ со неспортски фаул го патосира Маркиф Морис на мечот помеѓу Денвер нагетс и Мајами хит, за што Србинот доби и суспензија од еден натпревар (вечерва против Индијана пејсерс).

Целата работа ескалираше кога браќата на Јокиќ, Страхиња и Немања, отворија профил на „Твитер“ само за да му се обратат на американскиот кошаркар и неговите браќа.

Некогашниот НБА-играч Дарко Миличиќ, кој е пријател со браќата Јокиќ, даде свој коментар за целата ситуација. „Лошото момче“ Миличиќ се испроба и во ултимејт фајт, па ги знае и тепачките „квалитети“ на Јокиќи.

„Очигледно е дека браќата Морис кариерата ја градат на инциденти и провокации, демек тие се опасни момци. Но, не дај Боже, Страхиња и Немања да ги докачат. Тие тоа што го кажуваат, тоа и го мислат. Нема калкулации кај нив“, коментира Миличиќ.

- Оглас -

Најнови вести