4.8 C
Skopje
четврток, 25 декември 2025

Се јави и Седлоски: Добив честитки за изборот од светски фудбалски величини, меѓу кои е и Лука Модриќ

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, се јави со своја реакција по бурните негодувања од Игор Ангеловски и реакциите кои ги имаше поранешниот предводник на националниот тим.

Седлоски потенцира дека добил пораки со честитки од легендарниот хрватски капитен Лука Модриќ, како и од селекторот на Коцкестите, Златко Далиќ, и репрезентативецот Јошко Гвардиол.

„За преземањето на функцијата селектор добив честитки од луѓе кои се светски фудбалски величини и мои поранешни соиграчи, Лука Модриќ, Јошко Гвардиол, селекторот Златко Далиќ и многу други. Тоа за мене е чест и дополнителна одговорност. За разлика од самопрогласени „величини“ кај нас, кои од суета не можат да кажат ниту „со среќа Македонијо“, мене ме интересира само едно, успехот на репрезентацијата. Македонија е над секое име, над секоја лична фрустрација и над секоја суета“, вели Седлоски.

 

- Оглас -

Најнови вести