Седумкратниот Формула 1 првак, Луис Хамилтон, се огласи до јавноста за првпат во 2022 година. Тој објави фотографија од големиот кањон во САД и порака која се толкува како најава дека Британецот од Мерцедес не се повлекува од Формула 1, туку ќе вози и годинава.
„Бев заминат, сега се враќам“ – напиша Хамилтон, кој имаше огромно разочарување откако на контроверзен начин ја загуби титулата во 2021, кога беше претркан во последниот круг од Макс Ферстапен, и не даваше ниту интервјуа, ниту објавуваше нешто по социјалните мрежи.