11.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Се јави навивачот поради кој „Симеоне“ полуде: Ќе ми се смета ли ова како асистенција? (Видео)

Ливерпул со 3:2 го победи Атлетико Мадрид во дербито од првото коло во Лигата на шампионите. Англискиот првак до триумф стигна благодарение на голот на Вирџил ван Дајк во 90+2 минута.

Погодокот на Ван Дајк беше знак за голема радост на домашните навивачи. Еден фан на Ливерпул успеа и да го испровоцира тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне. Аргентинскиот стратег буквално збесна и дури сакаше да се тепа со навивачот.

Поради оваа негова реакција, Симеоне доби црвен картон.

Навивачот кој го предизвика инцидентот воопшто не се крие. Тој дури преку социјалните мрежи се пофали, па дури постави и прашање: Дали ова ќе ми се смета за асистенција.

Поради црвениот картон, Симеоне доби суспензија од еден меч во ЛШ, а ќе треба да плати и 20.000 евра казна.

 

- Оглас -

Најнови вести