Се јави судијата Марчињак: Седуммина Французи се на терен кога Мбапе дава гол, и тој ли требаше да го поништам? (Видео)

Полскиот судија Шимон Марчињак доби пофалби и висока оценка за арбитражата на финалето на СП во Катар помеѓу Аргентина и Франција, но Французите се жалеа дека третиот гол на Аргентина требало да биде поништен затоа што во моментот на терен покрај аут-линијата имало двајца аргентински резервисти.

Се собира дури и петиција со потписи за преигрување на финалето, но за Марчињак тоа е само „претстава за народот“.

„При голот на Мбапе има седум француски играчи од клупата кои се радуваат на теренот. Нека кажат дали и тој гол требаше да биде поништен? За да има казна, треба тие резервисти да имаат влијание врз играта“, вели Марчињак, кој и од ВАР подобро процени во 87-мата минута дека нема пенал врз Турам, туку дека е глума и му даде жолт картон за симулирање.

Голем број Французи беа на теренот и при огромната шанса на Коло Муани, кога тој имаше шанса да им донесе нова светска титула.

- Оглас -

Најнови вести