Во Челзи и Арсенал го учеа да биде врвен напаѓач, тој реагираше како бек со утка на сезоната веќе во првото коло (Видео)

Мајкл Обафеми се посрамоти уште на стартот на сезоната во англискиот Чемпионшип и се пријави за утка на сезоната.

Репрезентативецот на Република Ирска го чинеше својот тим Свонси чиста победа против Ротерам со невидено промашување.

Напаѓачот на тимот од Велс беше сам на само два метри на празна мрежа и наместо рутински да погоди му ја подари топката на домашниот голман, кој веќе беше немоќен.

[Championship] Potential miss of the season for Michael Obafemi from soccer

Обафеми го сметаат за голем талент, фудбалски се калеше во младинските Академии на Челзи и на Арсенал и има настапи и во Премиерлгата како играч на Саутемптон, но сега се посрамоти со голема утка за Свонси.

Мечот меѓу Ротерам и Свонси заврши нерешено 1:1.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести