Тите објави дека после Светското првенство во Катар кое се игра кон крајот на годинава, веќе нема да биде селектор на фудбалската репрезентација на Бразил.
Ова предизвика многу различни коментари, и многумина го критикуваат Тите што ја обелодени веста уште сега, бидејќи тоа може контрапродуктивно да влијае врз игрите на тимот на Мундијалот. Кариоките последната светска титула ја освоија пред 20 години.
„Нема зошто да лаѓам, останувам селектор до СП, а потоа си одам“ – рече 60-годишниот Тите во гостување на една бразилска телевизија.
Под водство на Тите, Бразил испадна во четвртфиналето на претходното СП во Русија во 2018 година.