Пред некој се чинеше дека трансферот на Килијан Мбапе од ПСЖ во Реал Мадрид е завршена работа и “кралскиот“ клуб ќе плати рекордно обесштетување од 200 милиони евра плус 50 милиони евра во бонуси.
Сепак, денес се појавуваат нови информации во шпанските медиуми. Емирот од Катар ја зголемил сумата за 50 милиони евра, што веднаш го уклучило алармот кај менаџирскиот тим на Мбапе, кој е предводен од неговата мајка, и започнати се преговорите помеѓу нив и раководството на клубот.
Дали ваквиот потег на катарските сопственици на ПСЖ е одговор на барање на Мбапе за бонус од 150 милиони евра за да си замине, останува да видиме, но се чини дека трансферот е може да пропадне, бидејќи договорот на Мбапе со ПСЖ истекува следното лето и тој може без обесштетување да се пресели на “Сантијаго Бернабе“.