Лионел Меси пред да ја заврши играчката кариера, ќе заигра уште еднаш на „Камп ноу“ во Барселона, и тоа на пријателски меч помеѓу Барса и Аргентина, а планот е Лео да одигра едно полувреме за репрезентацијата и едно во дресот на Барса.
Барселона догодина слави 125-годишнина од своето формирање, некаде во есента 2024 треба да биде готов и стадионот „Камп ноу“, кој сега се реновира, и клубот смета дека на реновиран стадион треба да се направи овој меч со кој Меси би се простил од Барселона.
Идејата е Меси таму да ги презентира и трофејот од Светското првенство во Катар и осумте Златни топки.
Меси се прослави во каталонскиот клуб, каде што е прв стрелец во историјата и вистинска икона, а во летото 2021 година ненадејно си замина бидејќи во клубот економската ситуација беше многу лоша.