20.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Се криеле во тоалет 27 часа за да може бесплатно да го гледаат финалето во Лига на шампиони

Двајца Белгијанци популарни на социјалната мрежа Тик Ток се пофалија како успешно го реализирале планот за бесплатно да го гледаат финалето во Лига на шампиони и тоа во живо на „Алијанц Арена“.

Неил Ремери и Сене Хавербајк беа сведоци во живо на историската победа на Пари Сен Жермен против Интер со 5:0 во финалето на ЛШ. Со таа победа ПСЖ ја обезбеди првата титула европски првак.

Двајцата тик токери смислиле план како без да платат билет, бидат на трибините на стадионот. Еден ден пред финалето тие влегле на стадионот и се скриле во еден од толетите на стадионот „Алијанц Арена“ во Минхен. На вратата од тоалетот залепипе натпис „Не е во употреба“, за да не може никој да влезе и да ги најде.

На крајот, планот им бил успешен.

„Имавме полн ранец со грицки и игравме игрици на телефоните за да може времето побрзо да ни помине. Светлото постојано беше вклучено, а седењето беше неудобно, па речиси невозможно беше да се спие. Тоа беше тежок предизвик, како на физички, така и на физички план“, рече Ремери.

Откако слушнале дека навивачите ги наполниле трибините на стадионот и започнале да ги користат тоалетите, двајцата тик токери решиле да излезат. Без никаков проблем поминале покрај обезбедувањето и се вмешале меѓу 86.000 навивачи кои беа на Алијанц Арена.

Влезниците за финалето во ЛШ се движеа од 90 до 950 евра.

 

- Оглас -

Најнови вести